full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan Evo RWD Spyder – Најекстровертниот Huracan!

5.2-литарски атмсоферски V10, 610 коњски сили, погон на задните тркала и отворен кров – една од најдобрите комбинации на светот.

Од Lamborghini се прилично директни – „Новиот Huracan Evo RWD Spyder ја дуплира забавата во возењето и испорачува чисто возачко уживање со можност да се прослави сето тоа на отворено.“ – кажува извршниот директор на Lamborghini, Stefano Domenicali. Кровот се отвара и затвара за само 17 секунди, и тоа при брзини до 50 километри на час.

Моќта доаѓа од добро-познатиот 5.2-литарски, врескачки атмосферски V10 бензинец кој испорачува 610 коњски сили и 560 Nm вртежен момент, кои пак се пренесуваат само кон задните тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Бенчмаркот од 100 километри на час пристигнува за само 3.5 секунди, 200 километри на час пристигнуваат за 9.6 секунди, додека максималната брзина е 324 километри на час.

Huracan EVO RWD Spyder добива P-TCS систем за контрола на тракцијата со специјална калибрација, кој е дизајниран да обезбеди конзистентен вртежен момент, без разлика на условите, а ANIMA системот нуди три различни режими на возење – Strada, Sport и Corsa. Новиот Huracan EVO RWD ќе го препознаете по редизајнираниот преден сплитер со вертикални отвори, сјајниот заден браник и новиот заден дифузер.

Купувачите ќе можат да го персонализираат својот Huracan EVO RWD Spyder преку Ad Personam програмата на Lamborghini. Цените во Европа започнуваат од околу 175.000 Евра, плус локалните даноци, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.