Новиот KIA Sorento ги елиминира слепите точки преку дигиталната табла со инструменти! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот KIA Sorento ги елиминира слепите точки преку дигиталната табла со инструменти!

Blind-Spot View Monitor системот кај новиот голем SUV на KIA го користи дигиталниот дисплеј пред возачот за директно да му прикаже видео од слепите точки со висока резолуција!

Kia откри детали за иновативната технологија Blind-Spot View Monitor во новиот Sorento. Овој систем има примена како своевиден „втор пар очи“ за возачот бидејќи има иновативен пристап – на возачот му прикажува видео од слепите точки во рамките на дигиталниот екран на инструмент таблата. Новиот Sorento е првиот модел на Kia во Европа кој се нуди со оваа напредна технологија. Овој систем е достапен заедно со новата „Supervision“ инструмент табла, која има висока резолуција и дијагонала од 12.3 инчи. Новата табла со инструменти на Kia е дизајнирана да им доставува информации на возачите што е можно појасно. Со дисплеј со резолуција од 1920×720 пиксели, дигиталната инструмент табла ги заменува конвенционалните показатели на брзинометар и тахометар со единечен, лесен дисплеј, во кој се вклучени дигитални показатели за брзина на возилото и моторот.

Blind-Spot View Monitor прикажува видео со висока резолуција од левата или десната страна на дисплејот ако возачот сака да ја промени лентата. Видеото од слепите точки накратко го зазема местото на приказ на брзиномерот или на тахометарот. Сликата доаѓа од дискретните камери со широк агол, со висока резолуција, кои се скриени во куќиштата на ретровизорите на вратата. Истите обезбедуваат поширок агол на гледање од самите ретровизори за да им овозможат на возачите јасен преглед на другото возило. Ваквиот систем е особено корисен во неколку различни ситуации – на пример, ќе ви помогне да забележите велосипедсит кој е во вашата слепа точка, или пак друг автомобил.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Kia EV3 ќе го освојува пазарот со автономија до 600 километри!

BVM технологијата на Kia им се нуди на европските купувачи во Sorento, како дел од пакетот кој вклучува Surround View Monitor и Parking Collision-Avoidance Assist (PCA), кои овозможуваат помош при возење и при паркирање, како и Bose висококвалитетен аудио систем. Овој пакет технологии е достапен за европските возила опремени со функцијата Blind-Spot Collision-Avoidance Assist која им помага на возачите да избегнуваат судир со возила од слепата точка и интервенираат доколку е потребно.

Дополнително, мултифункционалниот дисплеј прикажува насоки за навигацијата, информации за аудиото и детални информации за патувањето, како и предупредувања и известувања што се појавуваат поврзани со различните активни технологии за безбедност.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.