Најновата пресметка на CarWow ги спротивставува перформансите на најбрзите модели со четири седишта од Германија, Италија и Јапонија.
Видеото содржи споредби во звук на мотор, забрзување, меѓузабрзување и сопирање. Иако сите натпреварувачи располагаат со погон на сите четири тркала, нивните погонски единици и спецификации се прилично различни:
- BMW M8 Competition – 4.4-литарски V8 твин-турбо со 625 кс и 850 Nm;
- Ferrari GTC4 Lusso – 6.3-литарски V12 со 690 кс и 697 Nm;
- Nissan GT-R – 3.8-литарски твин-турбо, засилен на 630 кс и 780 Nm
Изберете го вашиот фаворит и погледнете дали ќе излезе на врвот!