FCA ја рестартира Sevel фабриката во Италија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

FCA ја рестартира Sevel фабриката во Италија!

FCA објави дека веќе се воведени строги здравствено-безбедносни мерки во Sevel фабриката во Атеса, Италија – и дека фабриката започна со производство на комерцијални возила за светските пазари.

Повеќето од преку 6000 работници во Sevel фабриката во Атеса, Италија од денес повторно се вратија на работа. Фабриката Sevel е заедничка инвестиција на FCA и PSA Group, и во неа се произведуваат комерцијални возила за светските пазари. Секако, воведени се строги здравствени и безбедносни мерки за да се обезбеди заштита за работниците.

Преку 300.000 квадратни метри се внимателно дезинфицирани и санитизирани, инсталирани се 130 пунктови за дезинфекција на рацете, поставени се информативни панели на 15 големи билборди и 25 видео-монитори и дистрибуирани се илјадници информативни брошури. Дополнително, на влезовите во фабриката се поставени термални камери, а на преку 600 точки се поставени материјали за дезинфекција – како на рацете, така и на алатките и материјалите кои се користат при производство.

Овие мерки се дел од договорот кој го потпишаа италијанските работнички организации и наметнуваат сеопфатна серија мерки кои ќе бидат воведени на сите локации на FCA ширум Италија, а слични мерки се препорачуваат и кај добавувачите кои испорачуваат компоненти и материјали за фабриките на FCA.

Pietro Gorlier, еден од челниците на FCA за ЕМЕА регионот изјави- „Денес во Атеса покажавме дека заштитата на нашите работници ни е врвен приоритет, а повторното отворање на Sevel фабриката, заедно со одделите за истражување и развој и предпродукција на електрични и хибридни возила во Торино и Мелфи е резултат на ригорозните анализи и подготовки направени во соработка со врвни виролози и експерти, кои се во согласност со сите работнички организации.“

Поврзано:   Fiat најавува пет нови модели со пет супер-креативни концепти!

Фабриката беше дезинфицирана кога производството беше запрено на 17ти Март, а истите процедури беа повторени уште еднаш пред отворањето. На сите работници им беа испратени детални инструкции за мерките кои ќе бидат преземени во секој оддел, а испратени се и инструкции за тоа како да препознаат симптоми на Covid-19 и како да реагираат доколку ги забележат. Сите работници секојдневно ќе добиваат личен пакет за заштита, во кој се вклучени ракавици, хируршки маски, како и безбедносни очила. Работниците кои патуваат до и од работното место со јавен транспорт ќе добијат дополнителни заштитни маски и материјали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.