full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi A6 Avant 55 TFSI e quattro – Голем, плаг-ин хибриден караван!

Audi ја проширува понудата на плаг-ин хибридни модели со новиот A6 Avant 55 TFSI e quattro.

Плаг-ин хибридниот караван го користи истиот погон кој Audi веќе го претстави во уште неколку модели. Погонот комбинира 2-литарски TFSI турбо-бензинец кој испорачува 252 коњски сили и 370 Nm вртежен момент, со електромотор кој испорачува дополнителни 143 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Вкупната, системска моќност со која A6 Avant 55 TFSI e quattro располага е 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.

Забрзувањето до 100 километри на час трае 5.7 секунди, додека максималната брзина е 250 километри на час. Секако, quattro погонот е задолжен за дистрибуција на силата кон сите четири тркала. Дополнително, благодарение на батеријата со капацитет од 14.1 kWh, големиот караван може да помине 51 километар на електрична енергија и да постигне максимална брзина од 135 километри на час, додека комбинираната потрошувачка според WLTP мерењата е меѓу 1.9 и 2.1 литри бензин на 100 изминати километри.

Audi A6 Avant 55 TFSI e quattro стандардно ќе добие S-Line пакет за надворешноста, Matrix LED предни светла, 19-инчни тркала, спортски седишта, Audi Virtual Cockpit и уште неколку додатоци. За жал, багажниот простор е намален од 565 на 405 литри, но ако ги спуштите задните седишта ќе добиете дури 1535 литри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.