full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат 2 и 2.5 денари, дизелот поевтинува 4 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – кои повторно имаат значително намалување.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 7.76%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 2.50 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 49.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 52.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 4.00 денари – и од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 42.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.