Неодамна кај нас пристигна електричниот Porsche Taycan, а ние ја искористивме можноста одблиску да го погледнеме и малку подобро да се запознаеме со него.
Електричниот Porsche Taycan е вистинско технолошко чудо. Taycan Turbo добива два електромотори – по еден на секоја оска – и располага со вкупно 670 коњски сили. Taycan добива и иновативен менувач со две брзини и може да забрза до 100 километри на час за само 2.7 секунди. Според официјалните податоци, батериите со капацитет од 94 kWh се доволни за автономија од 450 километри.
Погледнете и уживајте!