Mansory подготви тјунинг пакет за Bentley Flying Spur – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mansory подготви тјунинг пакет за Bentley Flying Spur

Познатата тјунерска компанија создаде пакет со додатоци за Bentley Flying Spur, кои содржат естетски измени и подобрувања на перформансите.

За надворешноста на автомобилот, пакетот опфаќа бодикит што содржи редизајниран преден браник со црна решетка и црни отвори за вентилација, а најдолу е сместен нов сплитер со црвена линија. Од страна се забележуваат нови прагови и масивни 22-инчни фелни со црвени детали. На задниот дел се наоѓа дискретен заден спојлер, редизајниран браник и четири овални издувни цевки.

Bentley Flying Spur го има еден од најфино изработените ентериери од сите сериски автомобили, но тоа не ги спречило Mansory да направат дополнителни измени. Највпечатлива измена е новиот волан со необична форма, обложен во кожа и карбон. Исто така тука се и нови текстури на кожните тапацири, како и уникатни украси на централната конзола.

Модификациите ги заокружуваат надградбите на 6.0-литарскиот твин-турбо W12 агрегат, кој сега произведува 710 кс и 1,000 Nm вртежен момент, наместо 626 кс и 900 Nm со кои располага стандардниот модел. Зголемувањето на силата влијаело да се намали забрзувањето од 0-100 км/ч од 3.8 на 3.6 секунди, додека за максималната брзина не се објавени бројки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.