full screen background image
Search

Peugeot акција за промена на ребрестиот ремен

Еуроимпекс подготви специјална акциска понуда за промена на ребрeстиот ремен на Peugeot возилата.

Ребрестиот ремен е витален за функционирање на моторот и диригира со неговата работа. Овој систем е постојано изложен на низа напрегања и затоа неговата беспрекорна состојба е особено важна. Сервисниот план строго ги пропишува интервалите на негово сервисирање и тука не би требало да постои компромис. Секое негово непочитување може да доведе до трајни оштетувања на моторот.

Токму затоа Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да го проверат својот сервисен план и сервисната книша на своето возило за да може бегрижноста да продолжи. Ова е одлична можност за сите Peugeot сопственици, да добијат промотивна цена за сет
ребрест ремен, водна пумпа и работна рака за таа операција.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 15.6.2020 година. Придобивка за клиентите се секако 2те сервисни локации во Скопје на Импортерот Еуроимпекс и уште 5те сервисни локации распространети во нашата земја. Еуроимпекс и дилерската мрежа ја поставуваат безбедноста на своите клиенти на највисоко ниво и одговорно се придржуваат и ги имплементираат најновите насоки,
препораки и совети дадени од СЗО и Владата.

Извор: PR Еуроимпекс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.