КИА Моторс Македонија ве покануваат да го посетите виртуелниот салон – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

КИА Моторс Македонија ве покануваат да го посетите виртуелниот салон

Македонскиот импортер на возилата на KIA подготви нешто навистина ново – виртуелен салон, каде можете да ги разгледате актуелните модели на брендот.

Со желба да им ги доближи моделите на своите постоечки и потенцијални клиенти во оваа несекојдневна ситуација, македонскиот импортер на возилата на KIA подготви виртуелен салон.

Ваквиот тип на претставување на автомобилите доаѓа во вистинско време, заради актуелната состојба и препораките за ограничено движење. Но, тоа не е единствената причина – голем дел од светските бредови веќе подолго време работат на ваков тип продажба.

Во виртуелниот салон може да се видат актуелните модели на KIA – Rio, Stonic, Ceed, Xceed, Proceed и Sportage. Покрај тоа што може визуално да го видите секој детал на автомобилот, низ него може да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате.

До овој салон може да пристапите кога сакате и од каде сакате. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Kia автомобил. Сé што треба да направите, е да ја посетите веб страната на Kia Motors Macedonia и да го одберете моделот кои ви се допаѓа. Или да кликнете тука.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.