Audi, Hyundai и Renault повторно го започнуваат производството во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi, Hyundai и Renault повторно го започнуваат производството во Европа

Иако со ограничени капацитети, намален број на работници и помалку смени – сепак производителите полека започнуваат да го рестартираат производството.

Според извештај од Bloomberg, околу 100 работници во фабриката на Audi во Ѓер, Унгарија веќе започнаа со работа на само една лента, во една смена, на почетокот на оваа седмица. Во оваа фабрика се произведуваат мотори, а најавено е дека уште една производна лента ќе биде отворена наскоро. Од Audi се надеваат дека на крајот на следната седмица ќе започнат и со производство на автомобили и кажуваат дека „прават сè за да го осигураат здравјето на вработените.“

Дополнително, производниот погон на Hyundai во Ношовице започнува со работа оваа недела, но во само две смени наместо три. Во меѓувреме, пристина потврда и од Renault дека повторно се отворени некои производни капацитети во Португалија, а производството треба да рестартира и во Романија на 21ви Април.

Според Bloomberg, падот во производството во Европа би можел да резултира со 3 милиони помалку продадени возила оваа година, како и околу 60 милијарди Евра изгубен промет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.