Porsche ќе го продаде последниот 911 Speedster во добротворни цели! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ќе го продаде последниот 911 Speedster во добротворни цели!

Последниот примерок од минатата генерација на Porsche 911 ќе биде продаден на аукција, а парите од продажбата ќе бидат донирани во добротворни цели за борба со COVID-19.

Новиот, нерегистриран примерок на Porsche 911 Speedster е во GT Silver Metallic боја и го носи Heritage Design пакетот. Автомобилот има поминато само 32 километри (кои се очекувани при транспорт). Како и секој 911 Speedster, и овој доаѓа со 4-литарски боксер кој испорачува 510 коњски сили и 470 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач и овозможува катапултирање до 100 километри на час за 3.8 секунди, додека максималната брзина е 309 километри на час.

Покрај автомобилот, купувачот ќе добие и специјален 911 Speedster Heritage Design Chronograph часовник. На часовникот ќе биде изгравиран и бројот на шасијата на последниот 911 од минатата генерација. Дополнително, купувачот ќе добие и специјална прошетка низ седиштето на Porsche, како и можност да посети тркачка патека заедно со професионалци од Porsche. А ако тоа не е доволно, ќе добие и специјална, уникатна книга во која ќе бидат прикажани сите детали од изработката на овој автомобил, како и скица потпишана од тимот кој стои позади 911 Speedster.

Аукцијата ќе трае од 15ти до 22ри Април, а парите од продажбата ќе бидат донирани во фондови наменети за борба со COVID-19. Од Porsche кажуваат дека се надеваат дека продажбата на овој специјален и уникатен автомобил барем малку ќе придонесе во борбата со пандемијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.