full screen background image
Search

Аутомобиле СК донираше четири возила на Министерството за Здравство

Македонската компанија минатата седмица директно се вклучи во борбата со COVID-19 преку донација на возила за потребите на Министерството за Здравство.

Свесни за потребата од заедничка поддршка и солидарност во ситуацијата во која се наоѓаме овој период, Аутомобиле СК – ексклузивниот увозник за Fiat, Fiat Professional, Jeep и Alfa Romeo – донираше четири возила на Министерството за Здравство, за помош при секојдневното функционирање на оваа исклучително важна државна институција во борбата против COVID-19.

Аутомобиле СК донираше две возила Fiat Doblo, едно Fiat 500L и едно Fiat Tipo cо вкупна вредност од 67.420 евра.

Од Аутомобиле СК кажуваат дека „преку оваа донација искрено веруваме дека ќе го олесниме работењето на Министерството за здравство и ќе дадеме свој придонес за побрзо надминување на сите предизвици и тешки моменти кои ги наметна оваа светска пандемија. Заедно се грижиме за колективното здравје!“

Го поздравуваме овој хуман и одговорен гест на Аутомобиле СК!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.