full screen background image
Search

KIA Telluride е Светски Автомобил на Годината, плус две признанија за Porsche Taycan и по едно за KIA Soul и Mazda 3

Големиот SUV на KIA е прогласен за Светски Автомобил на Годината за 2020, додека Porsche Taycan, KIA Soul и Mazda 3 ги однесоа останатите награди!

Жирито кое го сочинуваат 86 различни автомобилски новинари од сите светски региони ги дадоа своите мислења и гласови – и резултатите се тукушто објавени. Главната награда (World Car of the Year) оди кај новиот, голем SUV на KIA – новиот Telluride. Жирито ја пофали комбианцијата од стил, комфор и значајност на пазарот, а доби добри оцени и за безбедноста, како и прифалтивата цена на големиот SUV.

Две признанија отидоа кај електричниот Porsche Taycan. Електричниот Taycan победи во категориите Луксузен Автомобил на Годината (World Luxury Car of the Year) и Спортски Автомобил на Годината (Performance Car of the Year). Во овие категории Taycan успеа да освои повеќе гласови од Mercedes EQC, Toyota Supra и Porsche 911. Од жирито ги истакнаа перформансите, иновативноста и привлечноста на новиот Taycan, но доби високи оцени и за безбедноста и супер-модерната кабина.

Наградата за Урбан Автомобил на Годината (World Urban Car) отиде кај KIA Soul, додека наградата за Најдобар Дизајн (World Car Design of the Yеar) отиде кај новата Mazda 3.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.