Прототипот на Lucid Air помина 644 километри со едно полнење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прототипот на Lucid Air помина 644 километри со едно полнење

Компанијата Lucid објави видео во кое го прикажува нивниот прототип на моделот Air како патува 644 километри со само едно полнење.

Не се познати многу детали за новиот Lucid Air, но јасно е дека автомобилот ќе биде целосно електричен модел со луксузен ентериер, способен да забрза од 0-100 км/ч за само 2.5 секунди. Исто така, најавено беше дека електричниот автомобил ќе биде лансиран во Aприл оваа година, но тоа е одложено за крајот на Август.

Во меѓувреме, производителот направи тестирање на опсегот на прототипот на Air, во кое главните технички инженери на брендот патуваа од Сан Франциско до Лос Анџелес без да застанат за да ги дополнат батериите. Тоа е импресивно достигнување, кое го надминува опсегот на Tesla Model S Long Range Plus од 629 километри.

Некои го најавуаваат како вистински конкурент на Tesla Model S. Дали ќе биде навистина така, останува да видиме.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.