full screen background image
Search

Hyundai ги продолжува гаранциите на повеќе од 1.2 милиони возила!

Корејскиот производител објави дека поради глобалната пандемија, на 1.2 милиони возила ширум светот ќе им ги продолжи гаранциите кои треба да истечат меѓу Март и Јуни оваа година.

„Ова е уште еден пример за тоа како ние се грижиме за нашите купувачи“  изјави Barry Ratzlaff од Hyundai, и додаде – „Дилерите веќе нудат одлична услуга, но ние сакаме нашите купувачи да се чувствуваат комфорно кога ги посетуваат дилерите и се грижат за своите возила.“

Hyundai објави дека продолжувањето на гаранциите ќе биде глобално, и дека повеќе од 1.2 милион возила во 175 различни земји чии гаранции треба да истечат меѓу Март и Јуни оваа година ќе добијат продолжени гаранции до три месеци.

Дополнително, Wonhong Cho – извршен потпретседател задолжен за задоволство на купувачите во Hyundai Motor Company изјави: „Разбираме дека нашите купувачи имаат ограничен или немаат никаков пристап до можност за сервисирање на нивните возила во овие несекојдневни времиња. Со продолжувањето на гаранцијта, сакаме да им дадеме барем малку мир на купувачите месеците кои доаѓаат. Не само што се грижиме за здравјето и безбедноста на нашите купуивачи – се грижиме за здравјето и безбедноста и на нивните возила, исто така.“

Ова е одличен гест од Hyundai, кој со задоволство го поздравуваме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.