full screen background image
Search

Sara Sigmundsdottir е нова бренд-амбасадорка на R-дивизијата на Volkswagen!

Sara Sigmundsdottir е една од најуспешните CrossFit спортисти во светот – и од неодамна е бренд-амбасадор на спортската дивизија на Volkswagen.

R-дивизијата на Volkswagen има нов бренд-амбасадор – а тоа е Sara Sigmundsdottir – врвна спортистка која одлично одговара на спортската дивизија на германскиот бренд. Девојката од Исланд е вистинска Crossfit ѕвезда која ги отелотворува вредностите во однос на перформанси и сестрани можности.

Jost Capito, директорот на Volkswagen R кажа дека „како спортистка која цело време се предизвикува самата себеси и цели кон перфекција, Сара е идеален бренд-амбасадор. Нејзините амбиции и неверојатните перформанси ја пресликуваат сржта на Volkswagen R.“

Дополнително, таа изјави дека е неверојатно горда што ќе соработува со Volkswagen R. Таа кажува дека Volkswagen R е бренд кој е отелотворување на сè во кое таа верува. „Volkswagen R совршено ми одговара. Прекрасен дизајн искомбиниран со неверојатна сила – и веднаш штом седнав во новиот T-Roc R, знаев дека тоа е автомобилот од моите соништа.“ – кажа таа.

Инаку, Sara освои бронзени медали на свертските CrossFit игри во 2015 и 2106, и победи на CrossFit Open во 2015, 2017, 2019 и 2020. Меѓу другото, на овие натпревари се вклучени дисциплини како гимнастика, кревање тегови, тестови на издржливост, итн.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.