SEAT започна да произведува белодробни вентилатори за борбата со COVID-19. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT започна да произведува белодробни вентилатори за борбата со COVID-19.

Вентилаторот кој се вика OxyGEN е заеднички производ на неколку различни организации, а е одобрен од Шпанската Агенција за Медицина и Здравствени Продукти.

Производниот погон на SEAT во Марторел влегува во борбата со COVID-19. Фабриката на SEAT започна со производство на белодробни вентилатори и се стреми кон бројка од 300 вакви уреди на ден.

Уредот се вика OxyGEN и е хардвер кој е развиен од компанијата Protofy.xyz во соработка со неколку доктори. Колаборацијата вклучува и неколку други организации, а SEAT беше предводник во процесот на индустријализација на овој уред. Од SEAT кажуваат дека со овој уред, тие „даваат приоритет на справувањето со недостатокот на медицински материјал, а истовремено тоа е нивна одговорност со оглед на индустриските капацитети на компанија како SEAT.“

Инаку, уредот користи адаптиран механизам за бришач за ветробранското стакло. Секој уред има околу 80 електронски и механички компоненти. Дополнително, секој уред минува низ строга контрола на квалитет и процес на стерилизација со ултравиолетово светло.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.