full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои повторно се намалуваат!

Во согласност со методологијата за пресметка на цени на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.67%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по половина денар – па еден литар 95-октански бензин ќе чини 48.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 50.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар и од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 45.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.