Со производство на 10.000 вентилатори, PSA се вклучува во борбата со COVID-19! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со производство на 10.000 вентилатори, PSA се вклучува во борбата со COVID-19!

Groupe PSA најави дека ќе ги активира своите погони за да произведе 10.000 вентилатори потребни за борбата со COVID-19 – и дека вентилаторите ќе бидат подготвени до средината на Мај.

Во соработка со Air Liquide Medical Systems, Schneider Electric и Valeo, PSA најави дека ќе произведе 10.000 вентилатори потребни за борбата со COVID-19. Според најавеното, PSA ќе постави специјална работилница во фабриката во Poissy, и ќе произведе 10.000 вентилатори. Од PSA Groupe кажуваат дека повеќе од педесет вработени доброволно се пријавиле да ги изработуваат механичките компоненти потребни за вентилаторите, а финалното склопување ќе се одвива во погонот на Air Liquide.

Автомобилската индустрија интензивно се вклучува во борбата со COVID-19. Вчера објавивме дека Ford ќе ги активира своите капацитети за да произведува вентилатори, а покрај нив пристигнаа најави и од Volkswagen, Tesla, McLaren, FCA, Lamborghini и други – скоро сите производители учествуваат на некој начин.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.