BMW потврди дека подготвува X5 на водород со 374 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW потврди дека подготвува X5 на водород со 374 коњски сили

Баварците соработуваат со Toyota и понатаму работат на развој на водороден погон – и потврдија дека големиот X5 ќе добие токму ваква изведба.

Водородниот погон кој на кој BMW работи во соработка со Toyota ќе испорачува максимални 374 коњски сили. Предноста на водородниот погон во однос на конвенционалните електрични автомобили е дека полнењето ќе трае само 3-4 минути (односно, како и возило со мотор на внатрешно согорување). Дополнително, нема никаква емисија на штетни гасови – од „издувниот систем“ излегува само водена пареа.

Системот се развива во соработка со Toyota и е базиран врз електричниот систем кој ќе дебитира во iX3. Сепак, ќе претрпи значителни измени бидејќи сепак ќе биде прилагоден да функционира во соработка со горивна ќелија и ќе користи водород како гориво. Од BMW кажуваат дека „овој погон со водородна горивна ќелија ќе се вгради во лимитирана серија на тековниот X5, и BMW планира да го претстави овој модел на пазарот во 2022. Понатаму, конкретен модел ќе биде понуден на купувачите во втората половина од оваа декада.“

Klaus Frohlich од BMW додаде дека „водородните горивни ќелии би можеле да бидат четвртиот столб на нашето долгорочно погонско портфолио. Знаменосците во нашето X-семејство се особено адекватни кандидати за ваков погон.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.