Honda ги враќа физичките команди во новиот Jazz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda ги враќа физичките команди во новиот Jazz!

Honda им пркоси на трендовите и ги слуша купувачите – и враќа рачни контроли за многу од функционалностите во новиот Jazz.

Во време кога производителите се натпреваруваат кој ќе вгради поголеми екрани во своите автомобили, Honda им пркоси на трендовите и дури враќа физички, мануелни контроли за некои од функционалностите во новиот Jazz.

Во интервју за Autocar, Takeki Tanaka – кој е одговорен за проектот на новиот Jazz – кажува дека компанијата се враќа кон физички контроли за клима уредот со „цел да се намали одвлекувањето на вниманието на возачот.“

„Ги преместивме командите за клима-уредот од екранот на допир и ги вративме на конвенционални контроли. Добивме фидбек од купувачите дигиталните контроли се премногу комплицирани за интуитивно користење.“ Всушност, Tanaka додаде (и потврди) дека контролите преку мултимедијален уред ги приморувал луѓето да гледаат токму во тој уред – а тоа го одвлекува вниманието.

Honda веќе изјави дека новиот Jazz има целосно-редизајнирани менија, кои „го кратат времето потребно за користење на најчестите контроли за 58%, во однос на минатиот модел“ – и признаваат дека голем дел од ова подобрување е враќањето на физички контроли за главните функции – како што е клима-уредот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.