Неделно Кино: Битка на спортските седани и купеа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неделно Кино: Битка на спортските седани и купеа!

Магазинот CarWow ги спротивстави новите спортски модели од Д-сегментот на брендовите Lexus, BMW и Mercedes, а истовремено ги спореди  со претходните генерации на C63 и M3.

Со цел да го направат поинтересно времето поминато дома за време на оваа пандемија, CarWow одлучија да објават необјавена содржина, која била снимена пред неколку месеци. Тоа е случајот и со оваа споредба во која учествуваат моделите:

  • Lexus RC F Track Edition – 5.0-литарски V8 агрегат со 477 кс
  • BMW M4 – 3.0-литарски шест-цилиндарски мотор со турбо и  431 кс
  • Mercedes-AMG C63 S – 4.0-литарски твин-турбо V8 со 510 кс
  • BMW M3 E90 – 4.0-литарски V8 мотор со 420 кс
  • AMG C63 W205 – 6.2-литарски V8 агрегат со 457 кс

Погледнете ги нивните споредби во забрзување, меѓузабрзување и сопирање!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.