Макпетрол го отстапи својот хотел во Маврово за потребите на државниот карантин – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Макпетрол го отстапи својот хотел во Маврово за потребите на државниот карантин

Макпетрол АД продолжува да ги помага напорите за справување со Covid-19 – и целосно ги отстапи капацитетите на својот хотел во Маврово за потребите на државниот карантин.

Макпетрол веќе донираше медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари, а денес испрати информација дека хотелот „Макпетрол“ во Маврово целосно се отстапува за потребите на државниот карантин. Хотелот ќе биде ставен на располагање на лица кои треба да поминат 14 дена во изолација или карантин.

Од Макпетрол кажуваат:

„Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со вирусот „Ковид-19“, а целосно следејќи ги потребите на Владата и Министерството за Здравство за формирање државни карантини за населението, Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин.“

Дополнително, од Макпетрол кажуваат дека се „целосно подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.“

На крајот од официјалната информација нагласуваат – Останете дома! Спасете живот!

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.