Коронавирусот би можел да ја чини германската авто-индустрија до 100.000 работни места! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Коронавирусот би можел да ја чини германската авто-индустрија до 100.000 работни места!

Според репортажа од германскиот Welt, до 100.000 работни места во автомобилската индустрија во Германија може да бидат изгубени.

Во Германија во моменов автомобилската индустрија вработува 830.000 луѓе. Оваа година се очекува производството и продажбата да опаднат значително – односно од 5.1 милиони произведени возила минатата година, оваа година се очекува да бидат произведени само 3.8 милиони возила.

Welt го цитира Ferdinand Dudenhöffer – експерт за автомобилскиот пазар – кој кажува дека „треба да очекуваме намалување на производствените капацитети во автомобилската индустрија во Германија. 100.000 работни места може да бидат ризични – а тоа се 12 проценти од вкупните работни места кај добавувачите и производителите.“

Во моментот, автомобилската индустрија е помалку или повеќе застаната – сите поголеми производители најавија запирање на производството на автомобили, а некои најавија дека ќе ги реориентираат производствените капацитети кон производство на материјали и опрема кои се потребни за справување со кризата со COVID-19. Производителот на автомобилски системи Bosch веќе претстави брз тест за дијагноза на новиот Коронавирус.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.