Збогатена е понудата на KIA xCeed во салонот на KIA Motors Macedonia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Збогатена е понудата на KIA xCeed во салонот на KIA Motors Macedonia

Во салонот на KIA Моторс Македонија неодамна пристигнаа новите изведби на xCeed – и можете да го видите xCeed во Vision пакет на опрема.

KIA го заокружи семејството на Ceed модели со ексцентричниот xCeed. Ние веќе имавме можност да го возиме, и тоа во луксузното Launch Edition издание, а нашиот тест можете да го погледнете тука.

Од пристигнувањето, па до сега, KIA xCeed се нудеше само во Launch Edition изведбата – која всушност е во највисокото ниво на опрема. Но неодамна во  KIA Моторс Македонија пристигнаа повеќе различни верзии на xCeed, а во салонот веќе е изложен примерок во Vision ниво на опрема во комбинација со 1-литарски T-GDI турбо-бензинец. Цената за овој модел започнува од 18.550 Евра.

Повеќе можете да дознаете во салонот на KIA, и секакона www.kia.mk.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.