Елена Ристеска е бренд-амбасадор на новиот Nissan Juke – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Елена Ристеска е бренд-амбасадор на новиот Nissan Juke

Од денес, Елена Ристеска е бренд-амбасадор на новиот спортски кросовер-купе – Nissan Juke.

Елена Ритеска денес пристигна на Женско Рели 2020 како горд сопственик на новиот Nissan Juke.

Nissan е добро-познат по својата понуда на иновативни и наградувани кросовери, како и електрични возила. Новиот Juke е иновативно кросовер-купе кое според Nissan најавува нова револуција – и моделот е подготвен повторно да ги надмине своите перформанси во сегментот кој самиот го создаде пред многу години.

„Заљубена сум во возилата на Nissan, иако ми беа понудени повеќе опции, уникатноста на моделот беше пресудна да изборот падне токму на JUKE. Како лојален клиент на брендот со нетрпение очекував да пристигне новиот модел со кој ќе го заменам оној кој веќе го возам. Tокму затоа со задоволство прифатив да бидам дел од денешната Осмомартовската трка, со останатите жени учеснички кои присуствуваат на настанот.“ – изјави Елена.

Дополнително, за новиот Nissan Juke, Симона Николовска од Аутомотив Груп кажа дека „новиот Juke покрај аеродинамичната каросерија и дизајнот кој вооодушевува, доаѓа и со најсовремени технологии – Nissan Intelligent Интеграција, Nissan Intelligent Mobility и ProPilot технологии.“

Новиот Juke е веќе изложен во ексклузивниот салон на Nissan. Повеќе детали за моделот може да најдете тука.

Извор: PR Nissan



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.