full screen background image
Search

Официјално: Новата генерација на Volkswagen Caddy е подготвена за работа

Пристигна петтата генерација на робусниот компактен ван Volkswagen Caddy, која доаѓа со цела гама на нови, модерни технологии.

Новиот Caddy е поставен на MQB платформата и ќе се нуди како товарно или патничко возило со местo за седум патници. Во однос на минатата генерација, новиот Caddy има поизмазнета форма со коефициент на воздушен отпор од 0.30, што е подобрување во споредба со 0.33 кај моделот во замиување. Покрај тоа што се нуди главно како робусно возило за работа, новиот Caddy е опремен со панорамски кров со површина од 1.4 квадратни метри, LED светлосни групи и палење без клуч. Од Volkswagen кажуваат дека кабината ќе нуди повеќе простор за луѓе, додека во Caddy Maxi ќе може да се сместат две стандардни Еуро-палети.

Палетата на мотори ќе вклучува надградени дизели со двојно вбризгување на AdBlue течност, во неколку варијанти со зафатнина од 2.0 литри. На купувачите ќе им биде понуден шест-степен рачен или седум степен менувач со двојна спојка, како и избор помеѓу преден или погон на сите тркала.

Останатиот дел од погонските единици го формираат 1.5-литарски турбо-бензинец, како и мотор на природен гас потпомогнат од компресор. Според Volkswagen, новите мотори ќе имаат во просек за 12 проценти подобра економија на возење во споредба со претходната генерација.

Кабината на новиот Caddy може да биде опремена со многу технологија. Купувачите ќе можат да добијат целосно дигитален инструмент панел и да одберат помеѓу 6.5 и 10 инчен мултимедијален екран. Во понуда исто така се и адаптивен темпомат, предупредување во мртва точка и помош при влечење на приколка.

Поврзано:   Volkswagen со скица го најавува следниот Amarok


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.