full screen background image
Search

Opel се враќа во Јапонија со Corsa, Grandland X и Combo Life!

Opel денес објави дека ќе се врати на јапонскиот пазар – каде од следната година ќе ги продава Corsa, Grandland X и Combo Life.

„Јапонскиот пазар е еден од најголемите во светот. Opel таму ужива одлична репутација како германски бренд, па нашето враќање во Јапонија е важен чекор кон значително зголемување на профитабилниот извоз – како што ветивме во нашиот PACE план. Opel станува глобален бренд, а нашето враќање во Јапонија е доказ за ова.“ – изјави извршниот директор на Opel, Michael Lohnscheller.

Од следната година, Opel ќе се врати во Јапонија со три модели – бест-селерот Corsa (нашиот тест на најновата Corsa можете да го видите тука), која можеби ќе се продава под друго име, како и компактниот SUV Grandland X и повеќенаменскиот Combo Life. Во Јапонија, Opel ќе биде дел од националната организација на Groupe PSA и ќе ги искористи сите локални ресурси и експерти со кои PSA располага.

Groupe PSA веќе е присутна на пазарот со Peugeot, Citroen и DS Automobiles. Продажбата во 2019 е 15.600 возила – бројка која не е огромна, но е важна за глобалните амбиции на групацијата. Секако, тука огромна улога ќе игра Opel со електрифицираните модели – бидејќи Corsa ќе биде достапна и како електричен автомобил а Grandland X ќе биде достапен како плаг-ин хибрид.

Opel сака повеќе од 10% од продажбата до средината на оваа декада да ја направи надвор од европскиот пазар. Со таа цел, Opel го зголемува своето присуство во Азија, Африка и Јужна Америка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.