Новиот голем SUV на KIA ќе добие Smartstream плаг-ин хибриден погон со системска моќност од 230 коњски сили!
Веќе ги видовме првите фотографии од новиот KIA Sorento, а сега ги имаме и првите детали околу погонските единици кои ќе се вградуваат во корејскиот SUV.
Smartstream турбо-хибридниот погон комбинира 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец со електромотор кој испорачува 60 коњски сили, како и батерија со капацитет од 1.5 kWh. Вкупната, системска моќност е 230 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, а најавено е дека наскоро ќе бидат претставени и други бензински мотори, како и плаг-ин хибридна верзија.
Европските купувачи ќе можат да добијат и турбодизел – 2.2-литарскиот мотор со 202 коњски сили и 440 Nm вртежен момент ќе остане во понудата, во комбинација со нов, 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка.