full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новиот KIA Sorento

Премиерата на новиот KIA Sorento е закажана за следниот месец во Женева, но веќе ги имаме првите фотографии.

Најновата генерација на популарниот голем SUV на KIA наскоро ќе ја има својата премиера, но ние веќе ги имаме првите фотографии од новото Sorento.

Новиот Sorento има нов, доминантен дизајн чија цел е не само да ги истакне димензиите на големиот SUV, туку и да го воведе корејскиот бренд во следната ера на својот дизајнерски јазик. Забележуваме остри и моќни линии и навистина интересни дизајнерски детали.

Исто така и кабината добива значително ревидирање – па гледаме нови инструменти и нов централно-поставен мултимедијален уред. Дигиталните инструменти се со дијагонала од 12.3 инчи, додека мултимедијалниот уред е со дијагонала од 10 инчи.

Сега за сега не се познати погонските единици, но европскиот пазар сигурно ќе добие широка гама на турбо-бензински и турбодизел мотори, а секако, се очекува и плаг-ин хибридна изведба.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.