full screen background image
Search

Вечерно Кино: Новиот Land Rover Defender има возбудлива улога во No Time To Die

Најновата генерација на легендарниот Defender има важна и возбудлива улога во новиот филм за James Bond – No Time to Die!

Каскадерските подвизи на краткото видео се всушност дел од подготовките за снимањето – и токму на видеото можеме да ги видиме талентите на новиот Defender за справување со секакви предизвици!

Она што е особено интересно е дека сите возила кои се користени за снимањето се целосно стандардни – немаат никакви модификации, освен додадениот безбедносен кафез. Она што го гледаме, е она кое ќе го добиеме.

Уживајте во незаприливиот Land Rover Defender!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.