full screen background image
Search

Уште едно мало намалување на цените на горивата.

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека цените на горивата повторно ќе се намалат.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.41%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 65.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1 денар и еден литар 98-октански бензин ќе чини 67.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.5 денари и еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 57.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.