full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: McLaren GT против Bentley Continental GT V8 на дожд

Магазинот AutoTrader ги спореди перформансите на двата моментално најпопуларни купе крстосувачи на драг патека.

McLaren GT е најновиот поспортски ориентиран член во класата, со пониска тежина, додека од друга страна, Bentley Continental GT V8 е докажан и традиционален избор со афинитет кон комоција.

И двата модели се погонувани од 4.0-литарски V8 агрегати, но кај McLaren силата изнесува 612 кс и се пренесува кон подлогата преку задната оска, а Bentley Continental има 542 кс, но истите се испорачуваат кон сите четири тркала за подобра тракција.

Се чини дека бројките се на страната на McLaren-от, но во услови кога патеката е влажна перформансите во забрзување од место стануваат многу блиски. Дознајте го победникот во видеото подолу:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.