JLR направи седишта кои го менуваат обликот и симулираат одење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

JLR направи седишта кои го менуваат обликот и симулираат одење

Дивизијата задолжена за развој на ентериери во рамките на Jaguar Land Rover испробува седишта кои ја менуваат формата и успеваат да го излажат мозокот да верува дека возачот и патниците одат.

Седиштата всушност имаат мали подвижни актуатори, кои цело време прават микро-нагодувања, кои пак успеваат да го „излажат“ мозокот да мисли дека човекот оди, а не седи. Ваквите седишта ќе овозможат напредно индивидуално прилагодување за возачот и патниците.

Мотивацијата на дивизијата задолжена на развој на ентериери во рамките на JLR доаѓа од научни истражувања кои кажуваат дека 1.4 милијарда луѓе имаат седечки животен стил – што пак може да резултира со скратување на одредени мускулни групи. Според JLR, ваквите седишта „можат да помалат да се намали ризикот од предолго седење при подолги патувања.“

Според главниот медицински офицер во рамките на JLR (да, и таков имаат) – Доктор Стив Ајли – JLR „ја користи својата експертиза за да ги развие седиштата на иднината кои користат иновативни технологии, кои пак им помагаат на луѓето да се соочат со проблем кој постои ширум светот.“ Дополнително, тој изјави дека „доборсостојбата на нашите купувачи е во срцето на сите технолошко-истражни проекти.“

Инаку, ова не е прв ваков иновативен проект на JLR. Инженерите на Jaguar веќе развија систем кој користи ултра-виолетова светлина за да елиминира огромен број од патогените микроструктури кои постојат во воздухот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.