Со победа во Саудиска Арабија, 57-годишниот Carlos Sainz дојде до својата трета победа на легендарното Dakar Rally!
Ова е трета победа за Carlos Sainz – 57-годишниот шпанец кој има огромна историја во автомобилскиот моторспорт. Иако финалната етапа отиде кај Nasser al-Attiyah, сепак, на крај победи Carlos Sainz. Тој веќе има две победи на Dakar – и тоа зад управувачот на Volkswagen и Peugeot, и сега зад управувачот на MINI.
На второто место беше токму Nasser al-Attiyah, додека првата тројка ја заокружи Stephane Peterhansel, кокј има вкупно 13 победи на Dakar на две и четири тркала. Верувале или не, ова беше неков 31-ви настап на Dakar. Ова е вкупно 42-ро издание на Dakar и за прв пат се одржа во Саудиска Арабија.
Интересни резултати имаше и во категоријата на моторцикли, каде Ricky Brabec стигна до победата, и воедно е првиот американец кој победил на оваа трка на издржливост. За жал, оваа година Dakar имаше и човечки жртви – португалецот Paulo Goncalves кој се натпреваруваше на моторцикл го изгуби животот на седмата делница.