full screen background image
Search

Трета година по ред, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio е Performance Car of the Year според What Car

Италијанскиот спортски седан трета година по ред го добива What Car признанието за Performance Car of the Year!

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ги освои симпатиите на експертите благодарение на водечката возна динамика, како и моќниот и динамичен мотор. Ние неодамна имавме можност и самите да возиме спортска верзија на Giulia – спортската Giulia Veloce.

Уредникот на What Car – Steve Huntingford – имаше само убави зборови за Giulia Quadrifoglio – „Трета година по ред, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ја зема победата во оваа категорија, и тоа со одлични причини. Многу од привлечноста доаѓа токму од 2.9-литарскиот би-турбо V6 кој е развиен во соработка со Ferrari. Но и покрај моќните 510 коњски сили и погон на задните тркала, Giulia Quadrifoglio не е застрашувачко чудовиште – тракцијата е одлична, без разлика на временските услови, брзините се мазни и возењето и на подолги релации е комфорно – а тоа ја прави Giulia Quadrifoglio спортски автомобил во кој може да се ужива секој ден.“

Благодарение на 510 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, Giulia Quadrioglio забрзува до 100 километри на час за само 3.9 секунди и постигнува максимални 307 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.