full screen background image
Search

Maserati MilleMiglia Concept е ретро-инспириран хиперавтомобил

Италијанскиот производител наскоро ќе го лансира наследникот на GranTurismo, но фановите на брендот се во надеж дека компанијата ќе претстави уште повеќе спортски модели.

Долгото исчекување на нов суперавтомобил, украсен со тризабец на предната решетка ја подгреа имагинацијата на дизајнерот Лука Серафини, кој претстави негова визија за футуристички спидстер инспириран од историските модели Maserati 250F и 6CM. Каросеријата на MilleMiglia се одликува со заоблени линии и многу отвори за воздух, распоредени според дизајнерскиот јазик на брендот.

Концептот е всушност суперлесен хиперавтомобил без покрив и со ниско ветробранско стакло, а веднаш позади кабината се наоѓа издигната перка која има отвор за довод на воздух кон моторот. Исто така повпечатливи дизајнерски елементи се брановидните предни LED светла, како и светлата на задниот дел со вертикално трето стоп светло.

Ентериерот е детално издизајниран со примена на кожни беж материјали и елементи од карбон. Целата кабина е ориентирана кон возачот, чие седиште е единствено и е поставено во средината за најдобра распределба на тежината. Дигиталните дисплеи зафаќаат мала површина и се сместени во кружни форми, како кај автомобилите од минатото, додека воланот е во форма на петоаголник со центар вовлечен кон внатре и копче за палење на моторот на него.

Maserati има големи планови за следниве неколку години со освежување на постоечките модели и приклучување на нови модели во гамата. Зарем не би било добро да видиме и електричен хиперавтомобил во стилот на MilleMiglia?



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.