Вечерно Кино: Патешествието на Mercedes-Benz со звукот на The Weeknd – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Патешествието на Mercedes-Benz со звукот на The Weeknd

Mercedes-Benz во соработка со Канадскиот RnB пејач The Weeknd создадоа навистина интересно видео наменето за промоција на новиот електричен модел EQC.

Видеото долго две и пол минути оддава почит на најпознатите историски модели на брендот, од појавувањето на моторот со внатрешно согорување, па се до моменталната електрична промена на видот на погонската единица. Автомобилите се прикажани во најразлични емотивни ситуации, како рушење на рекорд, завршување трка, снимање филм итн. Музиката во позадина на The Weeknd дополнително го зачинува видеото со што му дава пофилмски ефект.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.