full screen background image
Search

Artega Karo-Isetta е мал електричен градски автомбоил кој ќе започне да се продава до крајот на овој месец!

Karo-Isetta е автомобил на малиот производител Artega – и според Artega, ќе започне да се продава во Германија до крајот на овој месец.

Малиот електричен автомобил ќе се продава во две нивоа на опрема – Intro и Edition. Ќе може да се добие во една од шест различни бои, како и со ексклузивен ентериер обвиен во кожа и вештачка кожа. Според Artega, првите примероци ќе бидат испорачани веќе во Април.

Karo-Isetta очигледно влече инспирација од легендарната Iso Isetta, но дизајнерскиот јазик е максимално модерен. Забележуваме LED осветлување, како и мал милион други модерни детали. Секако, има само една врата – таа напред – а во кабината ќе можат да се сместат возачот и совозачот.

Инаку, Artega Karo-Isetta има автономија од околу 200 километри и ќе може да постигне максимална брзина од 90 километри на час – а тоа го прави да биде примарно градски автомобил. А тоа воопшто и не е лошо, со оглед на тоа дека цената (во Германија) ќе започнува од 17.995 Евра за Edition моделот, односно 21.995 Евра за Intrо верзијата. Оние кои сакаат да нарачаат примерок ќе мораат да платат резервација во висина од 2.500 Евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.