Jeep сака да биде најзелениот SUV бренд во светот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep сака да биде најзелениот SUV бренд во светот

Стратешкиот план кој FCA го претстави во 2018 најави сериозна електрификација на сите брендови кои се дел од групацијата – и според она кое деновиве е најавено, целата гама на Jeep ќе биде понудена во хибридна изведба до 2022.

Според глобалниот претседател на Jeep – Christian Meunier – самиот факт дека во зависност од пазарот, ќе се нудат плаг-ин хибриди или електрични возила го прави Jeep да биде „најзелениот SUV бренд вос ветот.“ На настан на Jeep кој се одржа неодамна во Холандија, тој додаде дека хибридниот модели на брендот ќе бидат „најдобрите Jeep-ови во историјата“, а истовремено ќе бидат и најкомпетентните и најбрзите Jeep модели.

Првиот хибриден Jeep ќе биде плаг-ин хибридниот Wrangler, кој ќе пристигне на пазарот следната година. Понатаму, ќе бидат понудени хибридни верзии на Grand Cherokee, како и новите Wagoneer и Grand Wagoneer. Целиот план најавува 10 плаг-ин хибридни возила, како и четири целосно-електрични возила до 2022. Претпоставуваме дека свои хибридни верзии ќе добијат и малиот Renegade, како и Compass (кој го возевме оваа година) и Cherokee.

Сакате да дознаете какви се навистина возилата на Jeep? Прочитајте ја нашата репортажа од посетата на овогодинешниот Camp Jeep!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.