full screen background image
Search

Jeep го освежи Cherokee за европскиот пазар

По освежувањето кое Jeep го подготви за американскиот Cherokee, сега ја претставија и освежената европска варијанта која меѓу другите новитети добива и нов 2.2-литарски Multijet II турбодизел.

Новиот турбодизел е замена за постоечкиот 2-литарски MultiJet, и ќе се нуди во две варијанти – едната со 150 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, а другата со 195 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Првата изведба ќе се нуди со мануелен менувач со шест степени на пренос, а купувачите ќе можат да изберат и меѓу погон на предните или на сите четири тркала. Помоќната изведба ќе доаѓа стандардно со 9-степен автоматски менувач, а и тука купувачите ќе можат да изберат меѓу погон на предните или на сите четири тркала. Обете верзии ги исполнуваат Euro 6D-Temp стандардите.

Доколку сакате бензинец, Jeep ќе ви понуди 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој влече потекло од Wrangler, и кој испорачува 270 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Оваа изведба ќе се нуди само со автоматски менувач и погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.