full screen background image
Search

Новиот BMW X4 пристигна во Македонија!

Новиот купе-SUV на баварскиот производител пристигна и кај нас, и веќе може да се види во салонот на BMW во Скопје.

Предниот дел е скоро ист како кај X3, но задниот дел сега е значително попривлечен во однос на минатата генерација. Опаѓачкиот кров не влијаел премногу на багажниот простор – X4 има повеќе багажен простор отколку седан од Серијата 3. X4 ги добива истите технологии како и X3 (кој неодамна го возевме), па тука вбројуваме активен темпомат, Lane keep assist, асистент за паркирање, мал милион камери, систем за автономно управување…

Новиот X4 се нуди со три бензински и четири турбодизел мотори, кои нудат меѓу 184 и 360 коњски сили. Во Македонија понудата започнува со BMW X4 20ix со 184 коњски сили кој чини 51.560 евра. Основниот дизел е BMW X4 20dx со 190 коњски сили кој чини 57.900 евра.

Врвната бензинска понуда во моментов е BMW X4 M40i со 354 коњски сили кој чини 81.390 евра, а доколку сакате дизел тука е BMW X4 M40d со 326 коњски сили кој чини 87.170 евра. Сите верзии се нудат со 8-брзински автоматски менувач и xDrive погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.