full screen background image
Search

Lister F-Pace LFP ќе биде најбрзиот SUV на светот

Lister го најави моделот LFP базиран на Jaguar F-Pace, кој благодарение на 666 коњски сили би требало да биде најбрзиот SUV на светот и да постигне 322 километри на час.

Иако сега за сега не се објавени сите детали, сепак знаеме дека доработениот Jaguar F-Pace SVR ќе има 666 коњски сили, благодарение на преработениот 5-литарски компресорски V8. Кај „обичниот“ F-Pace SVR овој мотор испорачува не-баш-незначителни 550 коњски сили, но експертите од Lister му имаат посветено многу внимание.

Ќе бидат произведени 250 примероци, а Lister ги објави првите фотографии и детали со цел да привлече купувачи. Не е за потценување ниту информацијата која доаѓа од Lister, која кажува дека LFP ќе биде најбрзиот SUV на светот и ќе може да постигне повеќе од 200 милји, односно 322 километри на час. Таа титула сега за сега му припаѓа на Lamborghini Urus кој постигнува „само“ 305 километри на час.

Ракавицата е фрлена.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.