Фабриката на FCA во Полска го произведе својот 12-милионити автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фабриката на FCA во Полска го произведе својот 12-милионити автомобил!

Фабриката на FCA во Тиши, Полска, вчера прослави значаен јубилеј – во текот на изминативе 27 години, таму се произведени дури 12.000.000 автомобили!

Фабриката на FCA во Полска постои веќе 27 години, и во тие 27 години се произведени вкупно 12 милиони автомобили. Јубилејниот автомобил беше токму примерок на малиот Fiat 500, а пред само неколку денови е произведен и 500-илјадитиот примерок на Lancia Ypsilon. Фабриката во Тиши е една од најмодерните фабрики за производство на автомобили во светот, а минатата година таму беа произведени вкупно 259.448 примероци на автомобили на Fiat, Abarth и Lancia.

Низ годините, FCA Group има инвестирано повеќе од 2.5 милијарди Евра во модернизирање на инфраструктурата на фабриката. Воведени се роботизирани линии за производство, сосем нов погон за фарбање, како и нова хала за склопување на автомобилите. Со ваквите инвестиции се подобруваат и условите за работа, но и се овозможуваат дополнителни обуки и се унапредува заштитата на околината околу фабриката, со цел да се задоволат глобалните стандарди.

Еден од најважните елементи со кои се гордеат луѓето од FCA е таканаречената Фабричка Академија – проект кој е наменет да ги подобри практичните вештини, како и лидерските способности на вработените.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.