full screen background image
Search

Големиот BMW 8 Series Gran Coupe пристигна во Скопје

Големиот купе-седан на BMW – Серија 8 Gran Coupe – пристигна во салонот на М Кар во Скопје!

Изложениот примерок е M840d, кој под поклопецот крие 3-литарски турбодизел со два турбополначи, кои заедно испорачуваат 320 коњски сили и моќни 680 Nm вртежен момент. Силата се испорачува преку автоматски Steptronic менувач со осум брзини и xDrive погон на сите четири тркала.

Официјалните податоци кажуваат дека M840d Gran Coupe забрзува до 100 километри на час за 5.1 секунда и има електронски-ограничена максимална брзина од 250 километри на час. Gran Coupe е цели 228 милиметри подолг, 30 милиметри поширок и 55 милиметри повисок од „обичната“ Серија 8.

Дополнително, меѓуоскиното растојание е зголемено за цели 200 милиметри – а со тоа се добива многу повеќе простор на задната клупа, до која се пристапува преку – погодувате – задните врати.

Серијата 8 Gran Coupe е еден од најубавите автомобили кои BMW во моментов ги нуди, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.