Alfa Romeo ги освежи Giulia и Stelvio со дискретни измени и нови технологии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo ги освежи Giulia и Stelvio со дискретни измени и нови технологии

Кратко откако беа претставени во Кина, Alfa Romeo во Лос Анџелес ги претстави обновените модели и за остатокот од светот.

Седанот и кросоверот добиваат три нови бои во палетата за верзијата Sport, која добива и опција за Dark Miron пакет кој вклучува додатоци на полумесечините на страничните крила, странични прагови и заден дифузер во темна боја или пакет од карбонски додатоци.

Ентериерот е исто така обновен. Една од најглавните надградби е новиот 8.8-инчен дисплеј на допир, кој располага со многу повеќе информации за возилото, а корисниците ќе можат да си ја персонализираат почетната страна по нивниот вкус.

Дополнително, Alfa Romeo го редизајнираа стандарниот 7-инчен TFT инструмент панел на Giulia и Stelvio со нов распоред и подобрена графика. Дисплејот е исто така надграден да дава повеќе моментални податоци за возачот.

Развиена е и нова централна конзола за двата модели со кружни ротирачки команди со текстура на алуминиум, подобрени материјали на командите и подобрен простор за складирање на ситници. Во делот кај лежиштето на менувачот е сместено мало Италијанско знаме, а зголемени се и држачите за чаши. Новиот спортски волан ги завршува физички приметливите надградби.

Покрај тоа моделите добиваат WiFi Hotspot, мобилна апликација со можност за управување од далечина, пронаоѓач на возилото, локатор за украдено возило и асистенција и така натаму.

И последно но не помалку важно, Giulia и Stelvio добиваат второ ниво на автономен систем на возење кој ги вклучува системите за асистенција на автопат, асистенција во сообраќај, препознавање на сообраќајни знаци, асистенција за задржување во лента, предупредување за објект во слепа точка, одржување на вниманието на возачот и предупредување за опасност од преден судир.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.