Mitsubishi подготви темелно освежување за малиот Space Star – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi подготви темелно освежување за малиот Space Star

Јапонскиот производител подготви темелно освежување за малиот Space Star – па градскиот автомобил добива нов лик, но и освежена кабина со нови материјали и технологии.

Најевидентната промена се забележува токму на предниот дел – маската го добива новиот, корпоративен лик на Mitsubishi (кој се нарекува Dynamic Shield), како и редизајнирани предни светла. Задниот дел добива редизајниран браник, како и нови задни светла кои користат LED технологија за целосно да биде заокружена модернизацијата на екстериерот. На купувачите ќе им бидат достапни и неколку нови бои.

Кабината добива нови, поквалитетни материјали со помодерен дизајн, а главниот збор го зема новиот 7-инчен мултимедијален уред кој овозможува лесно поврзување со мобилен телефон.

Кончено, од Mitsubishi кажуваат дека Space Star ќе биде за 5 см подолг и дека и понатаму ќе се вградуваат веќе познатите мотори со зафатнина од 1, односно 1.2 литри со моќност од 71, односно 80 коњски сили, кои пак го прават Space Star да биде едно од најекономичните возила во светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.