full screen background image
Search

Следниот Mercedes-AMG C63 ќе биде Plug-In хибрид со четири цилиндри?

Германскиот бренд продолжува со електрифицирање и намалување на капацитетот на агрегатите, па се чини дека наскоро и моделот C63 ќе го добие овој третман.

Главниот менаџер на AMG – Тобиас Моерс изјави дека следните генерации на Mercedes C-Class и S-Class ќе добијат хибриден plug-in погон, а исто така ги потврди плановите за засилена хибридна верзија на AMG GT 4-Door, која ќе и конкурира на Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid.

Во друга прилика, Тобиас призна дека 2.0-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат кој ги погонува A45 и CLA45 ќе биде сместен и во поголемите модели. Кога ќе ги земеме во предвид и двете изјави, во мисла ни доаѓа дека новиот C63 ќе го замени популарниот 4.0-литарски V8 агрегат со електрифициран четири-цилиндарец.

Во помалите спортисти, 2.0-литарскиот турбо-бензинец произведува 421 кс и 500 Nm вртежен момент. Кога би се направила нова електрифицирана верзија, комбинираната сила би била уште поголема. Покрај губењето на половина од своите цилиндри, C63 се очекува да ги нуди истите 510 кс на сегашниот модел, а иако ќе добие елементи од хибридиот систем, очекувано е тежината да биде помала од онаа на неговиот претходник.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.