Skoda ја најави новата Octavia со дизајнерски скици – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda ја најави новата Octavia со дизајнерски скици

Skoda ги загрева потенцијалните купувачи со скици од претстојната Octavia, која најверојатно ќе биде официјално претставена на 11ти Ноември.

Исто како и сите дизајнерски скици, така и овие ја претставуваат новата генерација како многу атрактивно возило поради нагласеноста на тркалата и пониската линија на покривот. Сепак, можеме да заклучиме дека сериската верзија ќе дојде со најголем дел дизајнерски елементи преземени од моделот Scala, но исто така ќе има подинамична форма со поагресивни линии.

Се очекува дека новата Octavia ќе биде попремиум од актуелниот модел и ќе биде поставена на истата надградена MQB платформа како новата осма генерација на Volkswagen Golf, како и новите Seat Leon и Audi A3. Исто така ќе ги дели најголемиот дел од погонските единиви со овие модели. Покрај вообичаените бензински и дизел агрегати, очекувано е да добие хибридни верзии.

Исто како и претходно, новата Octavia ќе се нуди во седан и караван изведба, додека верзиите Scout и RS ќе и се придружат понатаму.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.